Миле Китиќ прозборе за скандалот со дрогата - еве што рече
Откако вчера српските медиуми во јавност ја пренесоа информацијата дека двајцата познати српски пејачи, Кеба и Миле Китиќ, биле најдени на листата на познат нарко-дилер од Србија, Китиќ се огласи и кажа дека никогаш не купувал дрога.
- Да го знам, секогаш продаваше некои ситници, спортска опрема. Јас никогаш од тој човек не сум купил дрога, вели Китиќ по скандалот кој излезе за него и неговиот колега во јавноста.
Пејачот за српскито Курир додава и дека дилерот постојано му нудел патики но тој не сакал да ги купи бидејќи биле тврди и не му се допаѓале.
- Никогаш ништо во животот не сум купил од тој човек, вели Китиќ.
За потсетување, вчера излезе информацијата дека во голема полициска акција против нарко-дилерот Марко Лугоња, биле најдени иимињата на пејачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа