Се намалува бројот на грипосани во Македонија
Во текот на 14. недела годинава во Македонија се пријавени 297 новозаболени од грип што е помалку за 56,1 отсто од претходната седмица, а за 62,5 проценти во споредба со истиот период во 2013 година.
Како што соопштува институтот за јавно здравје, вкупниот број на заболени од грип во сезоната 2013-2014 изнесува 28.525 и е поголем за 18 проценти во однос на претходната сезона. Најмногу заболени се регистрирани во Скопје 4.053 и во Прилеп 3.930. Според возраста, најмногу болни (65,1 процент) се во групата меѓу 15 и 64 години.
Во текот на 14. недела не е евидентиран смртен случај поврзан со инфекција со вирусот на грип. Вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа