Силна експлозија ја потресе Атина

Силна експлозија одекна изутринава во 5:55 часот пред зградата на Централната банка во Атина, јавија грчките медиуми. 

Бомбата експлодира по два предупредувачки телефонски јавувања дека автомобил со експлозив се наоѓа пред зградата на банката при што жителите од околните згради веднаш биле евакуирани.

Според првичните податоци, непознато лице се јавило во редакциите на интернет порталот „Зунгла“ и на „Весникот на уредниците“, тврдејќи дека меѓу двете централни улици во Атина пред Централната банка има автомобил со 75 килограми експлозив, кој ќе експлодира за 45 минути.

Регионот бил блокиран од полицијата, а на местото на инцидентот навистина бил пронајден украден автомобил од марката „Нисан Сани“, кој се покажало дека е автомобил-бомба. 

При експлозијата автомобилот е целосно уништен, а штети се нанесени и врз околните згради и продавници.

10.04.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега