Со Југото прегазил пешак - десет сообраќајки на скопските улици

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајки во кои со повреди се здобиле двајца пешаци и велосипедист.

Една од несреќите се случила на  улицата „Габриел Константиновиќ“ во која учествувале патничко моторно возило „застава југо“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, исто така од Скопје, во која со тешки телесни повреди се здобил  пешакот.

Сообраќајната полиција  санкционирала тројца возачи со нерегистрирани возила, и по четворица, без возачка дозвола и без заштитен шлем.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива. 

10.04.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега