600 милиони евра ќе и бидат достапни на Македонија со ИПА II
Денеска Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, беше на состанок на регулативите на ИПА 2, кој беше организиран од Сектератијатот за европски прашања и Делегацијата на Европската комисија.
Бесими истакна дека вкупната висина на средствата кои ќе бидат на располагање на Македонија со Инструментот за пристапна помош 2 ќе бидат 600 милиони евра.
Програмата опфаќа дефинирање на приоритетите за идните финансирања преку ИПА II, во Националниот стратешки документ на земјата.
"Преку целосна транспарентност и инклузивност на процесот на подготовка на ИПА 2, Секретаријатот за европски прашања се труди да придонесе кон подготовка на државната администрација за подобро програмирање и искористување на ИПА 2 и структурните фондови, преку избор и реализација на проекти кои ќе бидат во функција на подобрување на животот на граѓаните, со што ќе ја оправдаме нашата одговорност за средствата кои ќе ни бидат дадени и ќе придонесеме кон поголема подготвеност за наредните структурни фондови на Европската унија кога Република Македонија ќе биде дел од неа", соопшти Секретаријатот за европски прашања.
На состанокот вчера присуствуваа околу 100 преставници од над 30 министерства и институции корисници и потенцијални корисници на ИПА фондовите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа