Околу 140 илјади македонски јагниња завршија на европскиот пазар

 

Од почетокот на годината па досега од Макединија се извезени околу 140 илјади јагниња, што претставува просек кој се случил и во минатата година. Се повеќе јагниња од Македонија се очекува да завршат на странските пазари, а цената стартува со 140 денари по килограм. 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска првиот човек Дејан Рунтевски беше во посета на кланицата „Серта Компани“ во Кавадарци за да може на лице место да види како се одвива годинашниот откуп и извоз на јагнешкото месо. 

- Според последните бројки кои ги имаме ние како Агенција до овој период количините на извезено јагне се приближно како и минатогодишните така да веруваме дека и оваа година целокупното јагне кое е произведено во државата ќе заврши на странските пазари. Досега се извезени околу 140 илјади јагниња што  е некаде на нивото од минатата година. Во делот на откупната цена се започна со една малку пониска цена од 140 денари, но како наближува велигденскиот извоз цената на терен малку  се зголемува така што се надеваме дека и сточарите годинава ќе бидат задоволни, рече Рунтевски.

Рунтевски посочи дека засега имаме одличен квалитет на јагнешко месо, и тоа е причината поради која истото е барано на странските пазари. Во најголем дел месото завршува во Италија, земја која важи за доста пребирлив пазар, а во најголем дел покрај Италија јагнињата завршуваат и во Грција, Хрватска и Србија. 

- Веруваме дека би нашле и други пазари доколку понудата на јагнешко месо беше поголема и се надеваме дека субвенциите кои ги дава Владата на Република Македонија со тек на време ќе придонесат до основната цел, зголемување на бројот на животни, овци, јагниња и на тој начин извозот и во други земји, додаде Рунтевски.

Иако најгоелмиот дел од јагнешкото ќе заврши на странскит епазари, дел ќе остане и на домашниот пазар.  

Досега извозот во ЕУ се одвиваше преку четири кланици, но благодарение на инвестициите на „Серта компани“ од пред неколку дена е рестартирана и прилепската кланица која набргу ќе може да извезува во ЕУ.

Ристо Михајлов, сопственик на Серта Компани кажа дека веќе десет години работат како кланица извозник.  - Секоја година ја зголемуваме количината за ивоз, а извезуваме на италијанскиот, грчкиот, српскиот, хрватскиот и црногорскиот пазар. Добрите резултати кои ни доаѓаат од извезеното јагне во сите овие пазари е нашиот бренд. Презадоволни сме од квалитетот што го извезуваме, рече Михајлов.

Тој додаде дека планираат годинавада го зголемат извозот за 20 до 30 проценти во однос на 2013 година и смета дека тие резултати ќе ги остварат со оглед на тоа како досега одат работите.

- Извозот, потенцира, се довива непречено благодарение на Агенцијата за храна и ветеринарство која не поддржува во однос на контролата од страна на инспекцијата. Имаме 4-5 инспектори кои постојано со будно око го следат квалитетот и го контролираат и извозот непречено се одвива, рече Михајлов.

Потеницра дека има зголемување на сточниот фонд во државата и окрупнување на стадата што е за поздравување.  - Луѓето на терен се задоволни од субвенциите кои ги добиваат навреме. Одлична соработка имаме со сточарите. Тоа е исто така за поздравување, бидејќи се гордееме со квалитетот кој го имаме овде и по кој ни е препознатлива државата. Нашето поднебје е сметам најдобро на Балканот во делот на квалитетот на јагнешкото месо. Тоа го кажуваат нашите купувачи од странство. Минатата година првпат влеговме на српскиот пазар и беа воодушевени. И америчката контрола на супермаркети даде највисоки оценки за квалитетот на јагнешкото месо од Македонија, од нашата кланица, нагласи Михајлов.

Јагниња откупуваат од цела Македонија, имаат дваесетина добавувачи и над илјада кооперанти. Според него не е важно од кој дел на Македонија се јагнињата туку важно е да се транспортираат квалитетно, да се обработат квалитетно и да се изладат, а притоа хигиената да биде на највисоко ниво. Во Македонија има десетици раси на овци.

09.04.2014 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега