Ја избодел сестра си до смрт зошто не му дала пари - детали за хоророт кој го потресе Балканот

Полицијата објави повеќе детали за хоророт кој утрово ја потресе Србија. 56-годишниот Зоран Т. ја избодел својата сестра Миланка до смрт, поради пари.

Како што информира српскиот Ало, Србинот започнал расправија со својата сестра за пари, а откако таа одбила да му даде, толку се разгневил што земал нож и ја прободел неколку пати во пределот на телото. Тој сакал да и побара пари за да си ја заврши куќата која ја правел во својот стан, но таа одбила да му даде, по што се случило грозоморното убиство.

По убиството, убиецот решил сам да си пресуди па во 23 часот се фрлил под воз.

09.04.2014 - 14:46
Фото: 
ало.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега