Туристи од Кина ќе го посетат Прилеп
Неколкучлена делегација од градот Дејанг од Народна Република Кина денеска ја посети општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески .
- Чест ни е што ја примивме кинеската делегација од збратимениот град Дејанг. Не посетија претставници за култура зашто ќе ја развиваме културната и туристичката соработка со овој збратимен град. Целта е да ја продлабочиме соработката во сите сфери- економска, културна и туристичка, Делегацијата ќе ги посети знаменитостите во Прилеп, Регионалната стопанска комора и неколку фирми, изјави Ристески.
Според Бо ЈУ Џен, советник за култура, медиуми и филм од градот Дејанг, задоволството е големо што ќе се продлабочува соработката со Прилеп и Mакедонија.
- Сега почнуваме да го истражуваме културниот пазар овде. Тоа многу ќе значи за да организираме во прилеп да дојдат кинески артисти и да направат претстава, да испратиме млади туристи во Прилеп и Македонија, а македонски туристи да ја посетат Кина, изјави Бо Ју Џен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа