Пронајден несовесниот возач кој усмрти старец во Илинден и избега

Полицијата откри кој е несовесниот возач кој усмрти пешак во Илинден, а потоа избега од местото на настанот.

Се работи за 23-годишниот Д.П. кој на трети овој месец околу 21 часот и 30 минути, управувајќи нерегистрирано моторно возило „Југо 45“, без возачка дозвола, во населба Илинден удрил во 61-годишен пешак, кој ја преминувал неосветлената улица на место каде нема обележан пешачки премин. По ударот, Д.П. не застанал да му укаже помош на повредениот пешак, кој поради пет тешки телесни повреди починал на местото на настанот. Пријавениот со возилото продолжил да се движи кон с. Пчиња-Куманово, каде го паркирал возилото во неговиот двор и наредниот ден ги сменил  деловите од возилото, кои биле оштетени од сообраќајната несреќа.

По дознавањето за кривичноправниот настан извршен е увид, при што се најдени цели и скршени делови од непознато возило и подигнат е видео запис, кои се предадени за вештачење. По добиените резултати од вештачењето, превземени се низа оперативни мерки при што е дојдено основано сомневање дека  Д.П. е можен сторител.

09.04.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа