Премиерот Груевски: Посебен фокус ни е вработувањето на младите
Премиерот Никола Груевски кој вчера беше гостин во емисијата Јади бурек, истакна дека е ставен акцент на младите во новата програма.
- Имаме предвидено доста проекти за младите во новата програма „Проверено“ . За мене клучниот проект е тој што го донесовме токму пред изборите кој сега почнува да се спроведува, а тоа е секој работодавец што ќе вработи млад до 29 години, во првите 12 месеци да биде ослободен од плаќање на придонеси и на пероснален данок на доход, вели премиерот.
За неполни две седмици, како што нагалси Греувски, работодавците поднеле барања за околу 700 нови вработувања на малди лица, додавајќи дека до овој момент сигурно бројката достигнала и до 1.000 барања.
Додава дека програмата предвидува и други проекти.
- Се предвидува еднаш во месецот да има бесплатни билети за железница во еден викенд за пензионери, а во друг за млади лица. Секој четврток да има бесплатен јавен превоз за студентите, бесплатно одење во кино и тетатар, а пензионерите по изборите ќе имаат бесплатен превоз и во недела, истакна Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа