Нови сигнали поврзани со исчезнатиот малезиски авион

Потрагата по исчезнатиот авион на „Малејжа ерлајнс“ на летот МХ370, во јужниот дел на Индискиот Океан се уште трае а австралиските власти регистрирале уште два звучни сигнала.

Шефот на австралиската агенција Ангес Хјустон, што ја координира операцијата за потрага по авионот, соопшти дека едниот сигнал бил регистриран вчера попладне и траел пет минути и 25 секунди, а вториот бил пресретнат синоќа и траел седум минути.

На прес-конференција во Перт, Хјустон изрази надеж дека за само неколку дена е можно да бидат локализирани остатоците од авионот „Боинг 777“.

09.04.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега