Клуч на рака за беровчаните кои добија социјални станови
Денеска во 11 часот, пред зградата со социјални станови во Берово, свечено ќе бидат доделени клучевите од становите на лицата кои добија станови по пат на јавна електронска распределба.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на настанот ќе присуствува и ќе се обрати министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.