Пожар во хотел во Прага каде престојуваат ученици од скопска гимназија

 

Македонските ученици се безбедни и никој не е повреден во пожарот во хотелот Топ во Прага.  Огнот избувнал во 2 часот по полноќ во ходникот на петтиот кат, а чадот се проширил и на шестиот кат во каде биле сместени двеасетина средношколци од Георги Димитров, јавува Сител

Веднаш биле евакуирани заедно со уште 50 други гости. Останатите деца и наставници од Македонија имале соби на првиот кат, потврди за Сител директорот на гимназијата.

-Сите деца се добро, никој не е повреден.  Вечерта се преместени во други соби и добро се чувствуваат.  вели за Сител Саша Стојмненов, директор на гимназијата Георги Димитров.

Во хотелот во Прага биле сместени околу 200 ученици и професори од скопската гимназија. На екскурзијата во Чешка ќе останат уште два дена и тоа во истиот хотел.

Според првичните информации од чешката противпожарна бригада во хотелот се запалил кревет кој бил во холот на 5- от кат, а огнот за кратко време бил изгаснат

08.04.2014 - 23:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега