Усвоен нацрт законот за вооружување на сириските бунтовници
Нацрт-законот, кој го одобрува доставувањето на оружје за сириската опозиција беше усвоен вчера во комисија на американскиот Сенат, јави ДПА.
Со овој закон Владата на САД може да доставува оружје, да нуди воена подготовка и други услуги за проверени членови на сириската опозиција.
Законот предвидува формирање на преоден фонд од 250 милиони долари за изградба на институциите во Сирија.
Обама досега им достави хуманитарна помош, но не и оружје на бунтовниците, поради стравувањето дека тоа може да падне во рацете на радикални исламисти.