Дебата „Значењето и улогата на дијаспората за Република Македонија”
Денеска во амфитеатарот на МНР во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Значењето и улогата на дијаспората за Република Македонија”. Настанот е во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи.
Како што е најавено, на дебатата ќе се обратат министерот за надворешни работи Никола Попоски и Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво.
Во дебатата се поканети претставници на дијаспората во Собранието на Република Македонија, професорите Славе Ристески од Економскиот факултет - Скопје, Верица Јанеска од Економскиот институт - Скопје и Сеадин Џафери од Државниот универзитет во Тетово -Економски факултет, како и други експерти од соодветната област.
Најавено е присуство и на претставници на дипломатските мисии на земјите со значителна дијаспора од Република македонија.
Согледувањата од дебатата за значењето и улогата на дијаспората за Република Македонија се во прилог на подготовката на „Стратегијата за соработка со дијаспората“ од страна на Владата на Република Македонија