Тримесечно бебенце заврши на Инфективна - оусм нови случаи на морбили

 

Осум нови случаи на морбили се регистрирани во Македонија. Најмалите пациенти меѓу новозаразените со мали сипаници се бебиња на три и единаесет месеци.

Како што пренесува Денешен, до сега се хоспитализирани четири возрасни луѓе, а во моментов заедно со новите примени пациенти викендов, на Инфективна завршија вкупно 14 пациенти. 

Од институтот за јавно здравје информираат дека неделно се вакцинираат по околу 200 деца во редовниот календар за имунизација.

08.04.2014 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега