ФОТО: Некогаш маж ,а денес секси жена - манекенката која го шокираше светот
Познатата манекенка која доаѓа од Филипините, Џина Роцеро е победничка на многу натпревари за убавина, но неодамна таа одлучи со светот да ја сподели тајната која успешно ја криела со години и навистина ги шокираше сите...
Всушност, прекрасната Филипинка е родена како момче, но отсекогаш се чувствувала како девојче. Оваа тајна ја криела со години, но сега одлучила да ја сподели со светот за да ја подобри позицијата на трансексуалците во светот.
“ Трансексуалците живеат под неверојатен притисок, не само во мојата земја туку и во остатокот од светот. На тоа во прилог иде и статистиката која покажува дека бројот на самоубиства е дури за 9 пати повисок кај овие луѓе отколку кај остатокот од популацијата” вели манекенката и додава дека поради сопствениот успех, никогаш немала храброст да ја споделам својата приказна но не поради тоа што смета дека ова што сега е е лошо, туку поради начинот на кој ги третира светот оние кои сакаат да бидат слободни.
Манекенката се решила за операција за промена на полот кога имала 19 години, а набрзо по операцијата се преселила во САД, и на сите американски документи пишува дека Џина е жена. Таа конечно е среќна и сега сака да ја промени ситуацијата за оние кои се уште немаат храброст да се одлучат на овој потег и да живеат онака како што посакуваат.
Таа додава дека многумина се чувствуваат исто како и самата таа понекогаш, не растат во исти околности и некои од нив немаат родители и пријатели кои ги поддржуваат.
"Ќе дадам се од себе да им помогнам на другите да ја живеат својата вистина без срам и страв", заклучува Џина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа