Меморандум за соработка потпишаа општина Крива Паланка и „Индо минерали и метали“

 

Денеска општината Крива Паланка и фирмата „Индо минерали и метали“, која ги држи рудниците за олово и цинк „Злетово“ кај Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка потпишаа Меморандум за соработка во културата, спортот, образованието и заштитата на животната средина.

Фирмата во наредниот период ќе донира финансиски средства за поддршка и развој на општината во повеќе сфери од живеењето. истакна директорот на компанијата Марк Брајант.

Ваквата соработка има за цел преку заемно разбирање, соработка и помош да се изврши унапредување, промоција, поддршка за развој и остварување на програмите и активностите на полето на културата. Преку финансиска и друг вид помош ќе се реализираат културни и спортските активности, а не изостанува и соработката за заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на животот.

Компанијата „Индо Минерали и метали“ ќе стипендира средношколци и студенти, кои студираат рударство и во други области поврзани со оваа струка.

Важноста на Меморандумот е една година, а компанијата ќе финансира 40.000 американски долари. 

08.04.2014 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега