ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до сите припадници на ромската заедница
ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честита 8 април.
- Ромската етничка заедница е дел од културното, политичкото и економското живеење во државата. Нивниот придонес во изградбата на мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на Република Македонија е огромен. Сите ние работиме и се залагаме да обезбедиме подобри културни, образовни, политички, економски и социјални услови за сите граѓани на Република Македонија, вклучително и за Ромите. Заложбата за натамошно подобрување на севкупната подолжба на Ромите во сите сфери на општественото живеење остануваат наши цели и задачи и во периодот што следи, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа