Ставрески: Со новите мерки 5.000 денари заштеда за младите семејства со бебе
Министерот за финансии Зоран Ставревски денеска во Неготино најави дека младите семејства со бебиња, со предлог мерката на ВМРО ДПМНЕ за намалување на стапката на ДДВ за бебешка опрема и училишна опрема ќе заштедат и до 3000 денари.
Ставревски истакна дека мерките што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнат на младите семејства да ги намалат трошоците околу бебињата и дечињата.
- Ќе се намали данокот на додадена вредност и за бебињата и се што се користи од тетратки до ранчиња, до моливи, пенкала, боички, односно она што го користат децата за училишен прибор во текот на целата година. Тоа би требало на семејствата во текот на целата година со две деца да им обезбеди заштеда од 2.500 до 3.000 денари, изјави Ставрески.
Со намалувањето на ДДВ за бебешки производи, како колички, релаксатори, пелени, цуцли, шишиња, се што користат младите семејства со бебе ќе обезбеди околу 5.000 денари на годишно ниво заштеда.
- Со тоа сметам дека Владата дава директен придонес и со програмата обезбедува директна поддршка за животниот стандард за младите семејства и најмладите жители. истакна Ставрески.
Ставрески при посетата на Неготино ја посети компанијата „Слобода“ во која што се вработени 50-ина работници.
- Во Неготино приватниот сектор е доста изразен и сакам да видам со стопанствениците како ги користат мерките и проектите кои Владата ги има во делот на доделување на евтини кредити и доделување субвенции за вработување и слично. Гледаме дека се создаваат добри услови за бизнис во Македонија и Неготино и ние и во иднина во претстојната програма предвидуваме уште 100 милиони евра за компаниите, рече Ставрески.
Сопственикот на компанијата „Слобода“ Цветко Коцевски кажа дека и досега имаат користено активни мерки од Владата, а ќе аплицираат и за новите активни мерки.
Во општинската зграда тој се сретна со повеќе неготински бизнисмени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа