Сообраќајот во Скопје ќе се поремети - еве каде нема да може да се вози
Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре ќе се врши санација на индустрискиот колосек на патниот премин Цементарница, на булеварот Борис Трајковски.
Поради тоа, десната сообраќајна лента од булеварот Борис Трајковски во правец од Драчево кон Скопје, во делот кај преминот преку пругата кај Цементарница, ќе биде затворена за сообраќај, во времетраење од 09 до 20 април.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
08.04.2014 - 12:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа