Иванов денеска во ИЗИИС
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе го посети Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје.
Посетата е по повод промоцијата на ИЗИИС за институт на УНЕСКО од категорија 2, со што стана прва институција на УНЕСКО во Република Македонија и единствен институт на УНЕСКО во светот што работи на полето на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од големи земјотреси.