Делегација на ПССЕ ќе ги следи претстојните избори

 

Делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа составена од 13 членови и предводена од австрискиот пратеник Стефан Шенаш ќе ги следи претседателskите избори во Македонија.

Делегацијата ќе престојува во Македонија од 10 до 14 април и ќе работи заедно со набљудувачите од Бирото за демократски институции и правата на човекот на ОБСЕ. Како што е соопштено од Стразбур, делегацијата на ПССЕ ќе има средба со кандидатите за претседател на Македонија, со претседателот на Државната изборна комисија, министерот за внатрешни работи, раководителите на главните политички партии со кои ќе разговара за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април, како и со претставници на меѓународните институции, граѓанското општество и медиумите, пред да го следи првиот круг од претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата на ПССЕ е предружувана и од Овен Мастерс, член на на Венецијанската комисија – групата на независни правни експерти на Советот на Европа, кој ќе треба да даде правен совет за време на оаа посета. Претходно една делегација на ПССЕ беше во предизборна мисија во Македонија на 11 и 12 март годинава.

08.04.2014 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега