Што очекуваат хороскопските знаци од љубота?

 

 

Дознајте како хороскопските знакови ја искажуваа љубовта и како се разликува од останатите според очекувањата што ги има од љубовта.

Овен

Овните ги сакаат своите љубовници, партнери, кои се однесуваат со нив отворено и директно , а не сакаат да чекаат. Нетрпеливоста и недостатокот на спонтаност може да ги им уништи односите. Најтешко од се е чувството дека партнерот крие нешто од нив. Бидете директни и кажете му на својот Овен што мислите.

Бик

Нежноста е една од најважните работи за Бикот. Без непристојност, суровост, вулгарност, невкусен изглед или било каква грубост. Со срцето на биковите владее префинетоста и софистицираноста и ако неговиот партнер или партнерка не може да биде цивилизирана, Бикот не може да прејде преку тоа ниту да му прости.

Близнаци

За нив комуникацијата е најважното нешто, ако Близнакот ви е љубовник или љубовница. Јавете се, испратете е-маил или СМС порака секој ден. Ако не сте во постојан контакт , тоа може да биде фатално. Комуницирајте го и со допир, мирис и вкус. За близнаците нема премногу изговорени зборови или шепотења на перница.

Рак

Раковите не само што сакаат да бидат заштитени, но исто така, сакаат да почувствуваат дека и самите го заштитуваат партнерот. Ова создава безбедност во рамките на таа љубов. Верноста, заштитувањето и целосното чувство на сигурност во прегратките на саканата личност е најпријатното чувство за раковите.

Лавот

Лавот мора да се чувствува без притисок и слободен за да може да биде нежен, искрен, и особено радосен. Замислете ги младите лавови како си играат и се тркалаат заедно. Детската разиграност за Лавовите е голема работа . Резултатот е страст , но и тогаш таа на второ место.

Девица

Искрена добрина – тоа е она што и треба на девицата. Нивниот партнер или партнерка мораат да покажат добрина и подготвеност да помагаат. Кога ќе видат на лицето на љубената личност дека е нежна кон послаби од нив , кон помладите , хендикепираните луѓе или животни , така со сигурност ќе им го освоите срцето.

Вага

На светот може да му недостасува мир и хармонија , но тоа е она што на Вагата му треба во животот. Нивниот партнер или партнерка мора да биде флексибилен и што помалку да прават проблеми. Вагата особено го цени секој обид или напор , а потоа ги простуваат грешките.

Шкорпија

Без чесност и интегритет Шкорпиите се чувствуваат шупливи , празни и предадени. Фантастичниот секс е исто така нешто што е многу важно за нив, а можат да чуваат тајни и да не разгласуваат наоколу сè за себе. Сепак , сето тоа попатно, најважно за нив е отворен и искрен однос .

Стрелец

Кон Стрелецот морате да бидете особено дарежливи . Да давате и примате на највисоко ниво е позицијата на нивните најголеми приоритети во овој поглед. Исто така постои и јавен аспект, па партнер или партнерката мораат да ја прифатат нивната повремена желба да се биде во центарот на вниманието . И да, добриот секс исто така се вбројува во давање и примање.

Јарец

Почитувањето, работната етика, и се спротивно на мрзеливоста го одржува Јарецот во животот и му го топли срцето. Љубовта и емоционалното посветеност се исто така дел од работна етика и му одат рака под рака. Никогаш не земајте го здраво за готово. Премногу пофалби кон него , исто така, може да го доживее како нешто навредливо.

Водолија

Возбудата и експериментирање за Водолијата се многу важни во односите и животот воопшто, но на прво место за нив е праведноста и отвореноста кон нови идеи. Незабележителните партнери кај нив немаат шанси. Вие не морате да се согласувате со сите нивни идеи, но тоа нема да е на одмет.

Риби

Рибите се најчувствителниот знак во Хороскопот , во секој поглед. Постојаното навредување на нивните чувства нема да донесе ништо добро. Потребен им е некој кој е отворен и сочувствителен кон нив, и кој тоа знае да го изрази. Исто така, потребен им е некој за да ги утеши, ако плачат, а тоа сигурно ќе се случи.

Извор: Попара

08.04.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега