Топло добредојде: Кралската двојка дочекани со голи задници во Нов Зеланд
Кралската двојка во Велингтон беа дочекани од припадници на традиционалните воини од племето Маори од Нов Зеланд, при официјалната посета на членовите на кралското семејство на оваа островска земја.
За топло добредојде на младиот британски пар, новозеландскиот великодостојник, според обичајот познат како Хонги, во знак на пријателство се допреа со носовите со принцот Вилијам.
Патувањето на кралската двојка во Нов Зеланд требаше да помине во знакот на вестите дека тоа е прво официјално патување на осуммесечниот Џорџ, синот на Вилијам и Кејт.
Но тоа не е ништо со тоа што светот го обиколија фотографиите на кои се гледа како елегантната Кејт разнежнета и срамежливо насмеана стои пред воинот со гол задник кој што му е и целосно истетовиран.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа