Анабела повторно се разведува?
Позната пејачка Анабела Атијас се враќа во Белград после година дена мината во Сараево. Таа и нејзиниот сопруг Андреј ќе живеат на две адреси, но како што Анабела вели оваа одлука не подразбира развод, за кој се шушка наоколу.
- Се враќам поради работата. Ми недостигаат публиката, настапите, песните… Штом Нина ќе заврши со училиштната година, ќе ја промениме адресата на живеење. Едвај чекам повторно да влезам во студио, изјави Анабела.
Таа додава дека не може да продолжи со својата кариера од таа дистанца.
- Тешко е да се занимавам со естрада од оваа дистанца. Често се шегувам дека коските ми останаа по патиштата. Вака и на Андреј ќе му биде полесно. Тој и онака патува многу поради работата, а и маж е, па со самото тоа полесно поднесува. Ќе бидеме на две адреси, ќе патуваме, а базата ќе ни биде во Белград
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа