Честитка од претседателот Иванов: Македонија има право да се гордее поради условите кои ги создава за Ромите

 

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска упати честитка по повод 8 Април-Мешународниот ден на Ромите.

-Упатувајќи честитки до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, сакам да нагласам дека Република Македонија има право да се гордее поради условите кои ги создава за Ромите, и како заедница и како поединци, да придонесуваат за развојот на нашата држава во секоја сфера од општествениот живот. Со степенот на права кои ги уживаатприпадниците на ромската заедница, Република Македонија претставува пример за целиот свет, истакна претседателот во честитката.

 Иванов додава дека ромската заедница е нераскинлив дел од нашето македонско повеќеетничко општество, кое постојано создава услови за негување на ромскиот етнички и културен идентитет, и претставува пример за еднаквите можности и права. Нашиот модел на соживот, на почитување на различностите е најголемата сила на Македонија.

- Само така, само со вклученост, со солидарност, и како држава и како општество, ќе се соочиме и ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочува оваа етничка заедница. Сакам да знаете дека во мене, лично, и во институцијата Претседател секогаш сте имале и ќе имате посветен и верен поддржувач на овој процес, завршува Иванов.

08.04.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега