Грците од се прават проблем - бараат промена и на името на Транспаренси Интернешнл Македонија
Генералниот секретар во грчкото Министерство за правда, Јоргос Сурлас, побарал од претседателот на Транспаренси Интернешнал Грција Константинос Бакурос да интервенира во телата на Транспаренси Интернешл со цел „соседната земја да се нарекува поранешна југословенска Република Македонија“.
Транспаренси Интернешнл „дозволила нејзинииот огранок во соседната зема да се вика Транспаренси Интернешлн Македонија“, а според него недозволиво е и името „Македонија“ да стои на картата на организацијата.
Како аргумент за ова барање Сурлас ја наведува резолуцијата на ОН за прием на Македонија во Светската организација и привремената спогодба според кои „привременото име на соседната земја е поранешна југословенска Република Македонија“, јави МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа