Крвав понеделник: Четиринаесет сообраќајки на скопските улици
На подрачјето на Скопје вчера се случиле 14 сообраќајни незгоди, во кои со повреди се здобиле четири лица и тоа тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник.
Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 17 часот и 40 минути на локалниот пат село Ајватовци – населено место Илинден. Велосипед управуван од 14-годишен малолетник кој движејќи се со велосипедот изгубил контрола над управувачот и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се шест возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата така и на пешаците.
За денеска има најава за два вонредни настана. Првиот е со почеток во 11 часот во населбата Ѓорче Петров. Пред Општината Ѓорче Петров најавен е протест на група граѓани незадоволни од измените од ДУП. Од овие причини од страна на сообраќајната полиција во зависност од моменталните состојби ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. Вториот вонреден настан е со почеток во 18 часот во населбата Ѓорче Петров. Пред црквата „Свети Петар и Павле“ политичката партија ГРОМ ќе одржи предизборен митинг. Со цел непречено и безбедно одвивање на митингот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа