Груевски до Заев: За да станеш премиер не е доволно да ти ракоплескаат Рада и Стево

Народот знае да процени и народот ќе процени. Нема да потпадне на манипулациите на луѓето од СДСМ што се претставуваат за нови лица и што се самопроглауваат за премиери, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листатата на коалицијата „За подобра Македонија“ за првата Изборна единица Никола Груевски, на митингот во Дебар.

-Го гледам Заев се прогласи за премиер. За да бидеш премиер треба народот да те изгласа, не е доволно Радмила и Стево да ти ракоплескаат на митинг. Треба народот да гласа за тебе, треба да ти веруваат луѓето. Треба да имаш нешто зад тебе оставено, а не на братучедите, на таткото, на стриковците, на стрините да им делиш тендери, му порача Груевски на Заев.

Груевски истакна дека СДСМ и Заев го потценуваат народот и затоа секои наредни избори губат повеќе него на претходните. Порача дека така ќе биде и овој пат на 27-ми.

-Го слушам вика кога ќе дошол он за премиер ќе ги врател парите на народот. Па видовме во Струмица како ги враќа парите на народот. На струмичани им ги врати на стрина му, на стрико му, на братучедите, на татко му...што убаво им ги врати парите. Струмичани не беа доволно свесни додека не излегоа работите, сега кога излегоа работите, сега да излезе он да се кандидра за градоначалник ќе му вратат они ама нешто друго, а не да им вика дека ќе им ги врати парите. Замислете сега тој човек што така ги враќал парите, да му се даде шанса да го раководи државниот буџет. Па кога ќе почне да враќа пари на роднините, пријателите на пратениците на СДСМ, нема да знаат каде да ги стават вратените пари. Ќе почнат да отвораат фирми низ Дебар, Струга, Охрид...да вратат, луѓето треба да вратат.

На митингот пред дебарчани, Груевски потенцираше дека Заев избегал од изборите и изборните листи, но му порача дека нема да може да избега од поразот.

-Велат дека изборите биле алатка за враќање на државата кај граѓаните. И кога станува збор за граѓаните сакам да му одговорам дека граѓаните ја имаат државата и ја чуствуваат преку илјадниците мерки кои ги правевме до сега во овие години за народот. Ќе ја имаат и преку оние мерки што сега ќе ги правиме во новата програма „Проверено“. Граѓаните си ја чуствуваат државата и нема да потпаднат на вакви манипулации какви што они прават, додаде Груевски.

 

 

08.04.2014 - 00:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега