Пендаровски проговори за резилот на дебатата на МТВ: Не ми беше ќеф

Кандидатот на СДСМ за претседател на МАкедонија, Стево Пендаровски конечно проговори за срамот и дебаклот кој го доживеа на дебатата на МТВ против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Тој денеска на минитнгот во Кисела Вода во стилот на Бранко Црвенкковски рече дека не бил остар бидејќи „не му било ќеф“ да дебатира со Иванов бидјеќи тој не му бил достоен противник.

За потсетување, токму Пендаровски беше тој кој инсистирше на ТВ Дуел со Претседателот Иванов. 

Ова не е прв пат Пендаровски да ги навредува своите кандидати. Од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати рекоа дека причина за ваквото однесување на Пендаорвски е безидејноста и недостигот на вистински проекти и програма. 

Иванов пак, рече дека нема намера никого да навредува бидјеќи како што рече тоа не е негов стил. Тој на Пендаровски и на сите функционери на опозицијата им порача да зборуваат што сакаат и колку сакаат, а тој како што рече, ќе продолжи да работи.

Анкетите кои по дебатата ги спроведе интитутот Павел Шатев покажаа дека Пендаровски бил практично збришан од актуелниот претседател со резултат 5:1

07.04.2014 - 23:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега