Нарко-босот Дарко Шариќ го уценува Специјалниот суд

Како што пренесува српски Блиц, балканскиот нарко-бос Дарко Шариќ нема да ја изнесува својата одбрана за трговија со кокаин се додека судот не одлучи за прислушкувањето на разгворите.

„Ќе побараме од доказите во постапката да се иземат пресретнатите разговори и пораки, бидејќи сметаме дека се обезбедени на незаконски начин. Шариќ нема да ја изнесува одбраната се’ додека судскиот совет не одлучи за овој наш предлог“, вели за „Блиц“, Радослав Бачовиќ, адвокат на Шариќ.

Дарко во својата одбрана се изјасни дека е невин.

- „Дрогата не е моја. По совет на својот адвокат нема да одговарам на прашања. Ќе бидат подготвен подоцна“, нагласил Шариќ по првото појавување пред Специјалниот суд за оргнизиран криминал во Белград.

Пред Судот обвинителството на последното рочиште покажале  шифрирани СМС пораки што Шариќ ги разменувал со соработниите при транспорот на 2,2 тони кокаин, кои беа запленети во Уругвај.

 

07.04.2014 - 19:45
Фото: 
српски курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега