Спасов: Дополнително зголемување на пензиите

Кандидатот за пратеник од листата на кандидатите од изборна единица 1, Диме Спасов заедно кандидатите Андон Чибишев и Оливер Зафировски, денес остварија средба со граѓани и трговци на градскиот пазар во населба Тафталиџе. Спасов во разговор со граѓаните ја презентираше содржината на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори.

-Пензијата е редовна и сигурна, ја зголемивме за 62 отсто. Но во нашата програма се обврзуваме на нејзино зголемување за 5 отсто годишно со исплата на пензијата во јуни. Предвидуваме и целосно нови проекти како бесплатен туристички викенд за пензионери, потенцираше Спасов.

Кандидатите за пратеници одговорајќи на прашања, ги образложуваа зголемувањето на социјалната парична помош, како и планираниот отпис на долговите на социјално ранливите категории на граѓани. Тие посочија дека иднината Влада на ВМРО-ДПМНЕ ветува и отворање на нови 64.000 работни места.

Кандидатите за пратеници од листата на кандидати од првата изборна единица продолжуваат со секојдневен директен контакт со граѓаните презентирајќи ги заложбите и ветувањата на идната Влада на коалицијата "За подобра Македонија".

07.04.2014 - 19:29
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега