Николиќ: ЕУ не ја сака Србија ако ја прими без Косово

Претседателот на Србија  Томислав Николиќ изјави дека и по формирањето на новата влада на државата, нема да има никакви промени во дијалогот меѓу Белгард и Приштина.

- Тоа зависи од ЕУ. Доколку Унијата реши да ја прими Србија без Косово, тоа значи дека тие вооошто не ја сакаат Србија во ЕУ. Во тој случај, ЕУ ќе рече: ние ја примаме Србија, но не во форма во која е прифатена како членка на ОН, изјави Николиќ во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Тој додава дека кога станал претседател на земјата, изјавил дека Србија ќе почне преговори со косовските Албанци.

- На нашите дипломати им дозволивме да учествуваат на конференции, каде што се поканети и косовските Албанци. Ние сме подготвени да му даде на Косово широка автономија, но ништо повеќе. Независноста на Косово не може да ја прифатиме, без оглед на сите последици, вели Николиќ, додавајќи дека Србија има многу добри односи со ЕУ и со Русија.

Според Николиќ, сцените со убиени Албанци за време на војната во Косово служат само да ги претстават Србите како лоши.

- Тврдењето дека во Рачак се убиени Албанци-цивили, е создадена за да се бомбардира Србија. УНЕСКО поседува извештаи за српското културно наследство, кое е уништено во Косово. Ќе ве замолам да побарате од УНЕСКО извештај за уништувањето на културното наследство од страна на Албанците, вели Николиќ. 

Тој изнесува податок дека 200.000 Срби биле протерани од Косово и оти како за исчезнати се водат 1.300 други, за кои до ден денес не се знае каде се.

07.04.2014 - 17:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега