Поднесен предлог до украинскиот Парламент за прогласување вонредна состојба во три области
Прес службата на Врховната рада соопшти дека во украинскиот Парламент е поднесен предлог за прогласување на вонредна состојба во три области во источниот дел на Украина, во Доњецка, Луганска и Харковска област.
Предлогот е поднесен под иницијатива на пратеникот Николај Рудковски и треба да биде разгледан од раководството на Радата.
Следната планирана седница на Парламентот е утре.
07.04.2014 - 16:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа