Заев ја претстави изборната програма во струмичко

Пендаровски на 13-ти ќе ги најави промените, а од 27-ми април сите ќе живееме подобро! На една недела пред големиот христијански празник Велигден, Стево Пендаровски ќе ги најави промените, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во струмичко Ново Село.

Заев нагласи дека Пендаровски одел сам на средби затоа што, како шо наведе, „не ми должи ништо ниту мене, ниту на СДСМ“.

Со лидерот на СДСМ денеска во Струмичко меѓу граѓаните се и носителот на Изборната единица 4, Хари Локвенец и кандидатот за пратеник Живка Гавровска.

Претседателот и потпретседателот на СДСМ, Заев и Радмила Шекеринска денеска ја почнаа предизборната кампања во Ново Село, Босилово и Струмица.

Како што е најавено, Заев ќе се сретне и со жителите во Мокриево и Сарај, каде што ќе ја претстави изборната програма  „Промени за нов почеток“.

Според најавите, претседателот на СДСМ вечер треба да ја претстави изборната програма за претстојните парламентарни избори и пред жителите во Муртино.

07.04.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега