Катче за читање и уживање на дечињата - отворена „Игротека-библиотека“ на Детската клиника
Дечињата кои се хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести ќе може да читаат книги, да се забавуваат и рекреираат во новоотворената „Игротека-библиотека“, која е отворена по повод Светскиот ден на здравјето.
Директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветкоски на отворањето изјави дека „Игротека-библиотека“ е резултат на големата хуманитарна акција „Читај книга и подари здравје“ која во октомври се одржала во библиотеката.
- Резултат на таа акција е оваа мала библиотека која ќе им помогне на дечињата кои по силата на здравствените околности мора да престојуваат тука, а ние ќе им го олесниме нивниот престој. На тој начин ја споивме грижата за здравјето и љубовта кон книгата во еден убав културен гест, додаде Цветкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа