Јанкулоска: Младите еден викенд во месецот бесплатно ќе патуваат со воз
Носителот на Изборната единица 2, на коалицијата „За подобра Македонија“, Гордана Јанкулоска, ја посети кумановската фабрика за чевли „Филип Фрос“ каде оствари средби со вработените во неа.
Јанкулоска пред менаџментот на компанијата и вработените нагласи дека Владата изминативе години континуирано спроведува мерки и проекти со цел да ја зголеми поддршката за домашните компании, а особено Јанкулоска акцент стави на одржувањето на најниски даноци во Европа, во услови на светска и европска криза кога сите други земји го зголемија даночниот товар врз фирмите, како и на одржувањето висок износ на капитални инвестиции кои помогнаа за висок раст на градежништвото и поврзаните индустриски гранки, но и за навременото обезбедување 250 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5 проценти, со што директно им се помогна на повеќе од 1.000 македонски компании.
- Ќе воведеме бесплатен викенд, петок,сабота и недела, еднаш во месецот за превоз на младите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот, рече Јанкулоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа