Познат кулинар од Шведска сака да ги брендира македонските вина под сопствен бренд

 

Познатиот готвач Леиф Манерстром во својата популарна емисија за готвење ја претстави својата идеја да ги брендира македонскиот вина под сопствен бренд.

Како што јавува дописникот на МИА, во популарната емисија за готвење на шведскиот канал ТВ4, познатиот готвач истакнал дека е фасциниран од квалитетот на македонските вина, па  ја најави својата желба и заинтересираност да ја посети Македонија со цел да направи филм за македонската храна и вино.

Манерстром деновиве учествуваше на две дегустации на вина од винаријата „Бовин“, кои се служат во стокхолмскиот ресторан „Херденстам Винхандел“, на кои присуствуваа и поголем број новинари од шведски медиуми, вршителот на должноста амбасадор при македонската амбасада во Стокхолм, Билјана Стефановска-Сековска и официјалниот претставник на Инвест Македонија, Мирјана Наумовска.

07.04.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега