Со години чувале југословенски пари за црни денови, па им пропаднале 93 илјади марки

Брачна двојка од Турпоље криела милион и двеста илјади стари југословенски динари во перница и решиле да им ги дадат на нивниот син и снаа кои се жалеле дека не можеле да ја продолжат сеидбата поради финансиската криза во која западнале.

90-годишниот Стјепан Ивичинец  ја повикал својата сопруга Ката (85) да ја донесе перницата на која спиел со години и од неа извадил југословенски денари кои во тогашно време вределе 93.000 германски марки.

„Дојдоа тие црни денови за кои се плашевме. Гледаш дека беше добро што ме послуша и кога штедевме“, велел Стјепан на својата сопруга.

Домашните со неверување гледале кога дедото и бабата од перницата извадиле купче безвредни југословенски динари.

 

Страцот бил зачуден од реакцијата на присутните и велел дека ако треба ќе ја  распара и другата перница , не сфаќајќи дека тие пари се веќе безвредни.

07.04.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега