Канцерогени штрудли од Србија повлечени од Европскиот пазар

Канцерогени штрудли од Србија се повлечени од Европскиот пазар. Како што пренесува Ало.рс, се работи за штрудли со смокви кај кои е откриена неприфатлива количина на охратоксин А – токсична супстанција која во големи дози е потенцијално канцерогена.

Од Министерството за земјоделие информираат дека пред десетина дена добиле забелешка дека штрудла со смокви содржи неприфатливи количини на токсинот а пред неколку дена добиле уште едно известување дека  целата количина на производот е повлечена од пазарот .

Инаку, процедурите на Министерството за земјоделство налагаат при враќање на производи прво се земаат мостри , и ако се потврди високото ниво на охратоксин  релевантната служба  треба да издаде наредба за уништување на производот.

07.04.2014 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега