Вардар исфрли труп на 16 годишно девојче од Скопје

 

Надојдените води на Вардар, попладнево по 13 часот го исфрлија трупот на 16 годишното девојче кое вчера, според очевидци, се фрлило во реката од пешачкиот мост кај Кале. Според информациите, девојчето ги оставило книгите и мобилниот телефон и скокнало во реката. Потрагата по неа траела ноќеска а со чамци екипи на МВР го пребаруваа речното корито и во текот на денешниот ден. Сепак, повикот дека испливал трупот во атарот на Маџари го означи најнепосакуваниот крај на потрагата. Телото на девојчето е предадено на обдукција. Се уште нема информации дали станува збор за самоубиство и кои се евентуалните причини

најчитано сега