Toдоров им подели Изборни програми на делчевчани

 

Носителот на листа на ИЕ 3, Никола Тодоров денеска ја посети општина Делчево.

За време на посетата, Тодоров го прошета центарот на Делчево и ги посети и населбите Милково Брдо и Старо Делчево, каде оствари средби со тамошните жители. Тодоров се запозна со тековните услови за живеење во населбите, реализираните проекти, како и проблемите со кои се соочува населението.

Тодоров на делчевчани им подели поголем број печатени примероци од новата Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ 2014-2018, која содржи вкупно 2046 проекти.

Од проектите предвидени со програмата, делчевчаните ќе имаат голем бенефит од аспект на инфраструктурно поврзување со соседните општини, како и од развојот на индустриските капацитети со предвидениот почеток на изградба на технолошко индустриска развојна зона Делчево во 2014 година.

06.04.2014 - 15:46
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега