ВИДЕО: Крвава месечина не очекува на 15-ти април
Овој настан е почеток на тетрада, ретка појава на четирите лунарни еклипси, а втората е во октомври, а останатите следната година.
Во април лунарната еклипса покрај Северна Америка ќе биде видлива и од Нов Зеланд и другите делови на Пацификот.
Помрачување на Месечината е последица на паѓањето на Земјината сенка на нејзиниот сателит.
Астрономот Џералд Меккиген од Вселенскиот и научен центар Штабот најави дека полната Месечина ќе биде малку потемна од вообичаеното, а луѓето ќе забележат темна сенка која ќе се движи преку Месечината, а ќе биде со црвенкаста боја”.
06.04.2014 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа