Вулканот Шивелуч исфрла пепел во висина од шест километри
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка во Русија исфрла пепел во височина од шест километри.
Опашката од пепел се распрснува во североисточен правец. Нема податоци дека вулкански материјали паднале во неселените места. Објавена е портокалова тревога, што значи степен на закана за авијацијата во регионот.
Шивелуч е најсеверниот и еден од најактивните вулкани на Камчатка. Се наоѓа на 450 километри североисточно од градот Петропавловск-Камчатскиј, а најблиско населено место е Клучи, каде живеат 5.600 лица.
06.04.2014 - 12:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа