Малиот британски принц тргна на своето прво патување

Малиот британски принц Џорџ има само осум месеци а веќезамина на своето прво патување во странство, со родителите Вилијам и Кејт.  Џорџ вчера со родителите тргна на тромесечна турнеја по Австралија и Нов Зеланд.

Ова е прво патување на принцот, трет по ред за наследување на престолот.

На исто такво патување беше и неговиот татко во 1983 година со својот татко пронцот чарлс и мајата Дијана, кога имал девет месеци.

Родителите на малиот Џорџ имаат исполнет дневен ред со средби, комеморативни церемонии и оддавање почит на локалните култури.

Во придружба на двојката има околу 12 лида, додека Чарлс и Дајана во 1983 биле опкруужени со дваесетина членови придружба, на патуваќето кое траеше шест недели. 

06.04.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега