Груевски: СДСМ се плаши од народот

Според претседателот на македонската Влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, политичките противници од СДСМ се класични апологети на еден систем на вредности кој треба конечно да се испрати во историјата. 

Народот веќе ве познава, рече премиерот, и поради тоа не може да биде излажан.

- Не го потценувајте дека народот се плаши, народот не се плаши! Македонецот не се плаши! Вие во раководството на СДСМ сте тие кои се плашите. Се плашите како ќе одговорите, зошто девет години народот не ви ја дава довербата. Се плашите за вашиот комодитет. Вие се плашите од народот, избегавте, држите трибини и  навредувате, манипулирате а избегавте од најголемиот дуел,  дуелот пред народот, рече Груевски на вчерашниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Премиерот истакна дека СДСМ на овие избори немаат што да понудат.

-Немаат одговор на нивните поддржувачи од партијата кога ги прашуваат зошто никој веќе не им верува? Затоа што ја прокоцкаа довербата на народот, а имаа премногу шанси. Тие истите кои ракоплескаа на говорите на Црвенкоски и се бореа меѓу себе, кој повеќе да му се допадне, рече Гуревски.

06.04.2014 - 11:17
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега