Енрике Иглесијас вети: Ќе се соблечам гол ако Шпанија победи во Бразил

Познатиот латино срцекршач Енрике Иглесијас ги израдува дамите ширум светот откако во една емисија вети дека ќе се соблече гол ако Шпанија биде првак на Светското првенство во Бразил ова лето.

-Ќе направам се што ќе побарате од мене ако Шпанија ова лето победи во Бразил – изјави Енрике во една емисија.

Водителот му даде непристоен предлог на пејачот, ако се случи таква победа на Шпанија, Енрике да направи концерт на кој цело време ќе пее гол, но Енрике не се согласи во целост:

-Песна или две би можел, ама два часа нема шанси. Еве ќе се соблечам на крајот и ќе прошетам по најпрометната лондонска улица – вети пејачот.

 

06.04.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега