Ева Браун љубовницата на Хитлер била Еврејка?

По направената анализа на влакна од косата од четката пронајдена во Бергхоф резиденцијата на Хитлер во Баварија, во која Евра Браун минувала најмногу време во текот на Втората светска војна се појави теза која вели дека постои можност љубовницата на Хитлер да има еврејско потекло.

Научниците откриле специфична секвенца од ДНК-та којашто „е силно поврзана со ашкеназите коишто сочинуваат околу 80 отсто од еврејската популација”.

Во Германија во XIX век многу ашкенази се преобратиле во католици.

„Тоа откритие е вознемирувачки”, изјави Марк Евансм, водителот на емисијата „The Dead Famous DNА” (ДНК на славните личности) и додава дека за такво нешто не можел ниту да сонува.

Авторите на документарецот велат дека сите податоци дека косата пронајдена на четката од Бергхоф е токму косата на Ева Браун. Единствен начин тоа и официјално да биде потврдено е да се спореди со примерок од ДНК од нејзините живи потомци. Меѓутоа, тие го одбиваат тестирањето.

Браун долги години била љубовница на Хитлер, а нивната љубов ја крунисале на 29-ти април 1945 година, пред да го извршат самоубиството во бункерот на Фирерот во Берлин.

Во епизодата од ово серијал што беше емитувана на 26-ти март, на основа на ДНК анализата беше расправана тезата дека причината за смртта за кралот на рокенролот Елвис Присли би можело да биде генетско заболување, а не прејадување или предозирање со дроги.

Експертите ја анализираа ДНК од влакна, купени од фризерот на Елвис Присли за два милиона американски долари, и утврдиле дека славниот музичар уште од детството страдал од генетски заболувања, како мигрена, дебелеење, глауком, хипертрофична кардиомиопатија. Последното заболување, според експертите, обично се случува кај мажите на возраст од 20 до 40 години и доведува до здебелување на ѕидовите на левата, а понекогаш и десната, срцева комора.

„Во текот на многуте години за прераната смрт на Присли го обвинуваа како самиот музичар, така и неговиот лекар. Се сметаше дека прејадувањето или предозирањето со дрога го убиле”, рече Еванс. Според него, добиените податоци покренуваат нови прашања за причината на Елвис Присли.

Покрај причините за смртта на Елвис Присли и на Ева Браун, научниците соработници на серијалот, исто така, се обиделе да најдат и да истражуваат примероци на ДНК од Адолф Хитлер, Чарлс Дарвин, Џон Кенеди, Наполеон Бонапарта, Марлон Брандо, Мерилин Монро и кралот Џорџ Трети.

06.04.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа