Груевски: Најмалку 30 нови фабрики и 64.000 нови работни места во следните 4 години

Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ носи логичен наслов. „Проверено“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржа на скопскиот плоштад „Македонија“.

Груевски пред граѓаните најави голем број на крупни проекти и реформи од новата програма со која ќе настапат на претстојните парламентарни избори.

-Најголем дел од неа се однесува на економијата, на оние кои се поврзани со економијата. Таа е сеопфатна, но најголем акцент е на економијата. Гарантираме најмалку 30 нови фабрики во слободните економски зони низ Македонија. Програмата предвидува 64.000 нови работни места, за по 4 години да имаме во регистарот 64.000 повеќе вработени и 64.000 помалку невработени. Тоа значи намалување на невработеноста на околу 22 %, за 6 проценти поени до 2018 година, рече премиерот Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја стартуваше кампањата за предвремени парламентарни избори со централен митинг на скопскиот плоштад. На митингот присуствуваа огромен број на граѓани и покрај силниот дожд.

05.04.2014 - 23:16
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега